Back

Проект „Прекугранично зелено пакување“​

За проектот

Пакувањето е важно за повеќе индустрии, но производството сè уште најчесто се заснова на примарна пластика, застарена технологија и линеарен модел „произведи – употреби – отфрли“. Во прекуграничниот регион Бугарија- Северна Македонија рециклирањето е фрагментирано, а малите и средни претпријатија без модернизација и нови вештини ризикуваат да го загубат пристапот до пазарите на ЕУ, каде одржливото пакување станува обврска. 

Проектот го спроведуваат ПИРИНПЛАСТ АД од Гоце Делчев и Фико-Пласт од Струмица. Фико-Пласт набавува екструдер за повеќеслојни фолии од рециклиран гранулат и автоматска машина за премотување и стреч-фолија. ПИРИНПЛАСТ воведува автоматизирана линија за повеќекратни PP подлоги (layerpads) и својот систем за поврат на материјал (buy-back) го пренесува на Фико-Пласт.

Цели

• Да се модернизира производството на индустриско пакување во прекуграничниот регион преку напредни технологии и циркуларни модели.

• Да се зголеми употребата на рециклирани материјали и на пакување за повеќекратна употреба, со помалку отпад и помала потрошувачка на примарна пластика.

• Да се зајакнат капацитетите на регионот за зелена транзиција преку заеднички стандарди, стратегија и обуки.

Активности

• Воведување напредни технологии и процеси во производството на индустриско пакување: набавка и инсталација на опрема кај двете компании (кај Фико-Пласт екструдер и автоматска машина за премотување и стреч-фолија), заеднички стандардни оперативни процедури со контрола на квалитет и пренос на знаење за системот за повраток на индустриско пакување.

• Прекугранична координација, комуникација и видливост: управување и координација на проектот, комуникациска стратегија и визуелен идентитет, кампања за јавна свест, серија еко-подкасти и отворени денови.

• Зелена транзиција преку стратегија и развој на вештини: заедничка прекугранична стратегија за одржлив раст на индустриското пакување од рециклирани материјали и две дводневни обуки – „Packaging Innovation Lab“ во Струмица и „Транзиција кон зелена и циркуларна економија“ во Гоце Делчев.

Очекувани резултати

• екструдер и автоматска машина за премотување и стреч-фолија, набавени, инсталирани и пуштени во работа кај Фико-Пласт, со обука на операторите;
• автоматизирана линија за повеќекратни PP подлоги (layerpads) кај ПИРИНПЛАСТ, со инсталација и обука на операторите;
• заеднички стандардни оперативни процедури (SOP) за производните процеси кај двете компании;
• една пилот-акција за прекугранична зелена трансформација на индустриското пакување;
• комуникациска стратегија, визуелен идентитет и кампања за подигање на јавната свест
• два отворени дена, еден во Струмица и еден во Гоце Делчев,
• промотивни материјали:
• заедничка прекугранична стратегија за одржлив раст на индустриското пакување од рециклирани материјали
• обука „Packaging Innovation Lab“ во Струмица и обука „Транзиција кон зелена и циркуларна економија“ во Гоце Делчев

Основни податоци

Програма Interreg VI-A ИПА Бугарија – Северна Македонија 2021–2027
Приоритет Приоритет 3: Интегриран развој на прекуграничниот регион
Специфична цел RSO5.2 – Поттикнување на интегрираниот и инклузивен социјален, економски и еколошки локален развој, културата, природното наследство, одржливиот туризам и безбедноста, во области различни од урбаните
Број на проект BGMK0500192
Времетраење 18 месеци (27.06.2026 – 26.12.2027)
Водечки партнер ПИРИНПЛАСТ АД, Гоце Делчев, Бугарија
Партнер Друштво за производство, трговија и услуги ФИКО-ПЛАСТ увоз-извоз ДОО Струмица, Струмица, Северна Македонија